Како што јави дописникот на МИА од Софија, извршниот директор на „Галуп“ Парван Симеонов за БНР изјави дека во однос на претходните две гласања за пратеници на 4 април и 11 јули активноста е помала, но сè уште не може да се направат хипотези што ќе да биде до крајот на денот на изборите во 20 часот.
Во моментов активноста се движи на очекувани нивоа со слични вредности и на претседателските и парламентарните избори во Бугарија, потврди Симеонов.
– Активноста и на претседателското и на парламентарното гласање е речиси иста, додаде Парван Симеонов. Тој ја спореди излезноста на претседателските избори во Бугарија од 2016 година, велејќи дека резултатот е помал од тогаш.