На второ место е Норвешка, а потоа следуваат Нов Зеланд, Данска и Шведска.
Глобалниот индекс ја рангира корупцијата според одредени критериуми, вклучително и перењето пари и финансирањето тероризам.
Македонија на оваа листа се позиционира на 85-тото место, со индекс 43,56, што ја прави најмалку корумпирана споредено со земјите од Западен Балкан.
Следува Црна Гора на 89. место, потоа Србија на 92. место. На 122-рата позиција е Косово, Албанија на 125-тото место и Босна и Херцеговина на 131-вото место.
Во истражувањето се опфатени вкупно 196 земји, а на дното на листата, како земји со високо ниво на корупција се Северна Кореја, Сирија и Либија.