Полицијата во Албанија уапсила две лица под сомнение дека го запалиле српското знаме на вчерашните протести во Тирана, пишува „Газета Сињали“. Уапсените лица се однесени во полициска станица на распит, објави „Косово онлајн“.
На синоќешниот протест организиран од поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој е насочен против доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и одржувањето на состанокот во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, запалено и газено било српското знаме.
На социјалните мрежи се споделуваат две видеа на кои се гледа палењето.
Live / Albanians burn the Serbian flag in Tirana.
Dozens of Albanian citizens summoned by #SaliBerisha, are protesting in #Tirana against #AleksandarVucic and “#OpenBalkan” pic.twitter.com/I74zATfLhF— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) December 20, 2021