Влегуваме во “магичен круг“ во кој не можеме да дадеме добри мерки за ублажување на економскиот ценовен шок. Цените никогаш нема да се вратат како пред пандемијата смета економскиот аналитичар, проф. Абил Бауш кој вели дека во моментов државата мора веднаш да ја врати претходната калкулација на нафтените деривати и нова цена на горивата да има на секои две недели.

Од пандемијата па наваму, државата доцни со превземање на секакви мерки, а тоа се должи на немањето долгорочна стратегија за раст и развој, вели Бауш. Во оваа состојба на државата и остануваат два начини за интервенција- или да го оставите пазарот сам да се контролира, што ќе биде тешко ќе има шпекулативни цени но од друга страна ќе има даночно оптоварување за тие кои прават енормни профити со што парите подоцна ќе ги врати кај граѓаните, или од друга страна државата треба да интервенира со некои одредени мерки за одредени производи.

Лидер: Речиси секојдневно вртоглаво растат цените храната, горивото добива повисока цена на секои два дена, се почекува пораст на струјата а Владата само најавува а не превзема ниту една мерка за излез од оваа тешка економска криза. Дали Владата веќе задоцни со мерките, што треба да се направи и како граѓаните да излезат од оваа “ментална состојба“ на поскапувања?

-На почетокот кога се превземаа мерките, некако тие беа со една цел-да се гасат тие “социјални пожари“ за да се направи некоја социјална стабилност.
Прво што се направи е онаа мерка со која Владата почна да се фали а тоа е минималната плата. Со мисли дека ја поминуваме Ковид кризата и пременуваме во една нормала. Така и беа највите од сите меѓународни институции, не земејќи го в предвид дека ќе имаме еден воен кофликт.

После тоа се превземаа некои мерки кој што создадоа уште малку повеќе проблеми и не ги дадоа или делумно дадоа некои резултати со краткорочен ефект. Минималната плата притисна покачување и во другите сектори. Од друга страна кога вие веќе ги замрзнувате цените и кога ставате маржа на производи кои треба да ги донесете од надвор, во тој момент нашите стопанственици и нашите бизниси ги ставате во кличн- дали да увезуваат од надвор или да очекуваат да се тргне таа мерка.

Во таа ситуација, во таа неизвесност почнаа да се појавуваат шпекулативни мерки кај сите стопанственици. Вртоглаво почнаа да се покачуваат цените на елементарните производи а од друга страна имаше и покачување веќе на цените на дериватите и сите енегренси, од електрична енегрија до нафта и итн…

Има две ситуациии, првата е со храната со основните продукти а од друга страна имате покачување на ценаат на енергенсите.
Од една страна имате увезена инфлација (во април веќе поминуваме веќе 9%) една длабока рецесија и од друга страна имате и шпекулантни цени на пазарот.
Претходно, државата веќе увезува храна и производи по некоја цена. Во моментот кога се тргаат сите тие мерки, веднаш имаме 20 % покачување на цените. Тоа кажува дека сите цени влегуваат во еден шпекулативен период заради искористување на таа психолошка неизвесност.

Што треба да направи државата?

-Има два начини. Првиот начин е да го остави пазарот сам да се контролира себеси, а тоа ќе донесе шпекулативни цени. А ако тоа го направите ќе треба да превземете мерки кои понатаму ќе треба да го амортизираат тој удар врз граѓаните.
Што се мисли со тоа. Ќе имаме нова даночна политика, што ќе значи дека сите тие што ќе направат енормни профити ќе треба да се оданочат со такви даночни стапки кој што понатаму, долгорочно тие пари пка ќе се вратат кај граѓаните.
И друг начин е државата да направи тотална контрола со пазарот, а тоа ќе биде многу тешко. Да се направи или да направи некој интервенционализам со стокови резерви и повторно да се влезе во фаза на превземање мерки.
Тоа се два начин кои ги гледаме во овие моменти.

Кои мерки би ги превземала државата?

-Тие веќе почнаа со ребалансот на Буџетот со кои се предвидуваат некои мерки кои би ги превземеле. Прво почнуваат со покачување на плати во одредени сектори. Второ кратење на некои“непродуктивни трошоци“ кои ги прави Владата-не се доволни!
Од друга страна, правиме една голема штета. Капиталните инвестиции ги запираме. И така како држава сме познати дека не инвестираме во нашата економија, или не инвестираме воопшто, односно остануваме во стапката на одржување на веќе постојните објекти кои ги имаме во државата.

И сега, ако ние од тука превземеме мерки и од таа ставка зимаме од непродуктивни трошоци, јас не гледам дека Владата има политика на штедење, што е еден голем голем проблем.
Значи остануваат две мерки-или да го оставите пазарот сам да се контролира, ќе биде тешко ќе има шпекулативни цени но од друга страна ќе има даночно оптоварувње за тие кои прават енормни профити во оваа ситуација и од друга страна државата треба да интервенира со некои одредени мерки во одредени производи.

Бауш се надева дека од септември овој ценовен шок ќе се стабилизира.

-Иако дефинитивно, мислам дека по завршување на летото, веќе од септември, октомври се очекува да имаме едена постабилна ситуација во државата во сите параматри. Затоа што една добра работа е штоа оваа инфлација е увезена инфлација и со оваа криза се соочени сите национални економии, не само економијата на Македонија.

Лидер: По прекинување на антикризниоте мерки Владата не превзеде ниту еден чекор за да се убалажи ценовниот шок. Доцни ли државата со реакцијата кон граѓаните и стопанството?

-Ние доцниме од пандемијата и наваму. Кога сите национални економии купуваа електрична енергија , ние доцневме цело време. Кога таа беше многу ефтина на пазарот ние не купувавме. И сега има тендер и не знам како оди тој тендер, најверојатно нема да се реализра, затоа што Електричната енергија веќе никој не ја продава по цената која би ја продавале во лето. Доцниме ние во многу работи, затоа што ние немаме некоја долгорочна стратегија на билдање или покачување на државните капацитети.

Една држава која би имала долгорочна стратегија за раст и развој не би ги направила овие гаснења на “социјални пожари“. Замрзнатите цени не се економски мерки, тие едноставно се социјални мерки и тоа не непопуларни мерки кај економистите.
Веќе влегуваме во тој магичен круг во кој не можеме да дадеме одредени добри мерки. Што треба да се направи?-да се инвестира во нашите капацитети во инфраструктура, образование, социјала каде што на народот ќе им дадете поголоема сигурност а понатаму и економски раст и развој.

Цените никогаш нема да се вратат како пред пандемијата. Таа стабилност и состојба која што сме ја имале никогаш нема да се врати. Иако енергенсите веќе покажуваат едно благо опаѓање. И државата мора да превземе уште една мерка да ја врата претходната калклуација на нафтените деривати која ја имаа претходно, односно нова цена на горивата секои две недели. Мислам дека е време да ја вратат.