На 26.05.2021 во 00:15 часот во Охрид, полициски службеници од Полициската станица Охрид ги лишиле од слобода T.Б.(34), Л.В.(31) и A.П.(25), сите од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение дека се сторители на кривични дела „кражба“ и „пустошење на шума“, казниви по член 235 и член 226 од Кривичниот законик.

Од судија од Основен Суд Охрид на лицата им била изречена мерка притвор по што биле предадени во Казнено – поправна установа „Затвор“-Охрид.