Албанскиот премиер Еди Рама денеска ги повика здравствените работници од Косово да се вакцинираат против коронавирусот во севернот албански град Кукс, кој е во близина на албанско-косовската граница.
Тој исто така рече дека одредена количина вакцини на АстраЗенека против коронавирус ќе бидат испратени на Косово.
Вакцинацијата на просветните работници, што во саботата почна во Тирана, денеска треба да почне на целата територија на земјата а Рама рече дека вакцините „АстраЗенека“ се безбедни, дека Албанија ги примила од Шведска и дека не се во блокираната група како во некои други земји.
Дека од обезбедените вакцини ќе има и за косовскиот здравствен персонал Рама најави во петокот вечерта кога пристигнаа 38.400 вакцини од АстраЗенека.
-Подготвени сме, заедно со Косово, да им дадеме можност на лекарите и медицинските сестри од ковид болниците, почнувајќи од болницата во Приштина. Ги чекаме братски во Кукс, каде ќе ги примат вакцините,рече тогаш Рама.
Додаде дека ова е многу значајно за да „се надмине оваа пречка и Косово да ги добие првите дози на вакцината против Ковид-19“.