Стратешкиот договор со Обединетото Кралство отвора голем потенцијал за македонските граѓани. Британскиот амбасадор Метју Лосон вечерва ќе отркие нови детали за стратешкиот договор којшто се очекува да се потпише во Лондон оваа недела.

Вечерва, како дел од вестите на Сител телевизија во 19:00 часот, погледнете го моето најново интервју каде што разговараме за Стратешко партнерство и договор меѓу влади – што значи тоа за британско-македонските односи и нашата соработка во економскиот раст, трговијата, одбраната и безбедноста. Со нетрпение очекувам да го придружувам заменик-премиерот Александар Николоски и делегацијата од македонската влада на церемонијата на потпишување што ќе се одржи во Лондон оваа недела, пишува Метју Лосон на платформата Икс, поранешно Твитер.

Неговиот статус погледнете го во продолжение.

Инаку, овој договор со Обединетото Кралство најавува темелна реконструкција на железничката инфраструктура и модернизација каква досега не се видела.