– Тоа ќе биде квантен скок во смисла на конкретна соработка, рече таа во пресрет на првиот состанок во живо со колегите од земјите членки на ЕУ, по повеќе од една година во Брисел, пренесе Ројтерс.
Проектот на ЕУ за воена мобилност во која ќе учествуваат и САД, Канада и Норвешка обмислен е да го олесни движењето на трупите низ Европа, што НАТО го смета за клучно во случај на конфликт со Русија.