Општина Кисела Вода останува посветена на грижата за своите жители, реагирајќи одговорно и професионално во сите временски услови.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска информира дека од раните утрински часови, целосно е ангажирана механизацијата на територијата на Општина Кисела Вода.
„Беа преземени интензивни активности за фрлање на сол и ризла, со цел непречено движење на патната инфраструктура. Посебно внимание е посветено на повисоките населени места од Припор и Теферич каде поради теренската конфигурација постои поголем ризик од замрзнување на коловозите и наталожување на снег“, објави Стаменкоска Трајкоска.
Општина Кисела Вода останува посветена на грижата за своите жители, реагирајќи одговорно и професионално во сите временски услови.
„Апелираме до граѓаните за внимателно движење и почитување на препораките, додека општинските служби и понатаму ќе бидат активно присутни на терен“, порача градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.
