Зимската атмосфера пристигна и во Ѓорче Петров, каде општинските екипи се постојано на терен и ја следат состојбата поради снежните врнежи.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информира дека интервентните екипи во текот на денот активно работат на одржување на патиштата.

Посебен акцент е ставен на повисоките места, каде постојано се посипува сол на коловозите со цел да се спречи замрзнување и да се овозможи побезбедно одвивање на сообраќајот.

Општинските служби продолжуваат да ја следат состојбата и да интервенираат согласно временските услови и потребите на терен.