Неколку пати е пробиен рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид
Веќе 10 години автопатот Кичево – Охрид се гради, а на многу места работата е и целосно закочена. Домашните, но и странски туристи постојано се жалат за моменталниот пат којшто е стар и едвај функционален. Рокот веќе неколку пати е пробиен, се одложжува, но со новата власт конечно има простор за оптимизам.
Николоски најави дека автопатот ќе е готов до крајот на 2026-та
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски најавува откочување на работата на автопатот Кичево – Охрид. Тој вели дека ќе биде целосно функционален до крајот на 2026 година и најавува целосно откочување на работата.
„Дел се поврзани со експропријација дел се поврзани со проектирање на косини, дел се поврзани со објекти кои се на самата траса, пред се бензински пумпи кои треба да се дислоцираат, а се на самата траса. Она што можам да кажам е: како ќе правиме- ќе правиме, ветувањето кое го дадовме дека до крајот на 2026 година ќе има функционален автопат, тоа што го напишавме во нашата програма, ќе го реализираме и до крај на 2026 година Охрид – Кичево ќе биде завршен“, рече министерот Николоски.
Вреди да се напомене дека првично беше предвидено автопатот Кичево – Охрид да се заврши за четири години, но тој се гради веќе десет години. Претходната власт на СДСМ и ДУИ и покрај многуте задолжувања ништо не направи во однос на оваа тема, па неколку пати го продолжуваше рокот. Последен пат го продолжија рокот во март годинава, а информираа дека тоа е поради тоа што се појавиле 13 свлечишта.
Николоски со план за одблокирање на крупните инфраструктурни проекти
Николоски е дециден, со јасен план за одблокирање на клучните државни проекти.
Претходниве години под власт на СДСМ и ДУИ најголем дел од капиталните инфраструктурни проекти, автопатиштата и железничката пруга никако да се реализираат. Сега, во ресорот транспорт дојде искусниот и амбициозен нов министер кој ветува дека коридорите конечно ќе се изградат, а македонските граѓани ќе бидат сведоци на нови инфраструктурни проекти.
Бехтел и Енка
Според министерот Николоски, договорот со Бехтел и Енка не би требало да е државна тајна, но сите нерегуларности ќе ги истражуваат институциите. А, она што преостанува е да се добијат што повеќе километри за да не пропаднат во вода 240 милини евра.