Комитетот на УЕФА ќе расправа за можното исклучување на клубовите основачи на Европската Супер лига од Лигата на шампионите, објавено е на Твитерот на Баерн Минхен.
За потсетување, ПСЖ, Манчестер сити, Реал Мадрид и Челзи изборија пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите.
Пред два дена, врвни европски клубови најавија создавање на Супер лигата, помеѓу нив се Реал Мадрид, Манчестер сити и Челзи.
УЕФА остро се спротивставува на Супер лигата. Во соопштението на организацијата се наведува дека клубовите што ќе учествуваат во ова натпреварување ќе бидат исклучени од евро-куповите.