Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека е во процес на одлука за олеснување на американските царини за кинеските производи.

Тој исто така рече дека планира наскоро да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Минатиот месец Бајден во обраќањето до нацијата рече дека Белата куќа ги ревидира казнените тарифи воведени во времето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кои ги зголемија цените на различни производи, од пелени до облека и мебел.

Трамп воведе казнени финансиски мерки за кинеските производи во долготрајната трговска војна со Пекинг, во обид да го поттикне купувањето на стоки произведени во САД.