Собранието останува двигател на реформите

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска разговараше за европските стандарди и економскиот напредок со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, и првиот советник Филип Маршето.

Според соопштението на Собраниската прес-служба, во фокусот на разговорот биле заложбите на владејачкото мнозинство за бескомпромисна борба против корупцијата и остварување видлив економски развој за граѓаните и земјата.

„Дополнително, координаторот Мицевски ја истакна подготвеноста на Собранието и понатаму да биде силен двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди. Во разговорот се нагласи дека заедно со нашите европските пријатели чекориме кон градење на просперитетна и сигурна европска иднина за сите“, се наведува во соопштението.