Како што соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, без електрична енергија од 09:45 до 14 часот ќе бидат објектот на Асиба, Архивот и околните објекти, а од 09:35 до 13:30 часот дел од објектите во Градскиот парк во општина Карпош.

Од 08:30 до 11:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од улицата „Франц Харкорт Манинг“, дел од улицата „14-ти Декември“, ОУ „Круме Кепески“, дел од улицата „Георги Димитров“ (кај Тенекс), а од 09:30 до 11:30 часот корисниците од улиците „Герника“ 6, „Герника“ 8 и „Герника“ 10 во општина Кисела Вода.

Без струја од 10 до 14 часот ќе бидат корисниците на дел од село Ласкарци во Општина Сарај.