Украинскиот претседател смета дека членството во Унијата е најсилната безбедносна гаранција
Украинскиот претседател Володимир Зеленски од самитот на Европската унија порача дека безбедноста и иднината на Европа се тесно поврзани со исходот од војната во Украина, оценувајќи дека забрзувањето на евроинтегративниот процес на Киев би било најдобрата гаранција за стабилност.
Во извадоци од неговото обраќање, објавени на платформата Икс, Зеленски истакна дека одбраната на Украина има пошироко значење за целиот континент.
„Одбраната на Украина е клучна за иднината на Европа како слободен, обединет и мирен простор, што покажува колку е единствена сегашната ситуација“, рече Зеленски.
Финансирањето на украинската армија е прашање на европска безбедност
Тој нагласи дека најважниот чекор што Европската унија може да го направи е да обезбеди побрз пат на Украина кон полноправно членство.
Според Зеленски, безбедноста на Европа зависи и од континуираното финансирање на украинските вооружени сили. Тој оцени дека Европската унија и „коалицијата на земјите што се подготвени“ да ја поддржат Украина можат да развијат соодветни финансиски механизми за таа цел.
