-Со голема болка ја примивме веста за трагедијата што ја погоди вашата земја. Ова е многу тажен ден и граѓаните на Србија се со вас во овие тешки моменти, напиша Брнабиќ на Твитер.

Српскиот претседател Александар Вучиќ покрај телефонскиот разговор со премиерот Зоран Заев, во кој, како што сооппштија од неговиот кабинет изрази сочуство и понуди „секаква братска помош“, исто така, тој изрази сочувство и на својот Твитер профил до семејствата на жртвите во Тетово и на граѓаните на Северна Македонија.

-Бев крајно погоден од веста за пожарот во болницата во Тетово. Споделуваме голема болка со луѓето од Северна Македонија, подготвени да пружиме секаква братска помош. Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на Северна Македонија, а на повреденети брзо се опоравување, напиша Вучиќ на Твитер.