Бројот на жртви од разорниот земјотрес што минатиот месец ја погоди јужна Турција се зголеми на 48.448, од кои 6.600 се странци, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Мехмет Нури Ерсој.
„Повеќето од загинатите странци се наши сириски браќа и сестри“, рече Ерсој на прес-конференција во најтешко погодената провинција Малатија.
Тој додаде дека работата на отстранување на урнатините продолжува, пренесува „Анадолија“.