Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Турција работи на организирање на нова средба на министрите за надворешни работи на Русија и на Украина.
– Во рок од една или две недели може да има средба на повисоко ниво, барем на ниво на министри за надворешни работи, наведе Чавушоглу.
Претходно, шефот на украинската делегација Дејвид Арахамија на Телеграм објави дека онлајн разговорите помеѓу украинската и руската делегација ќе продолжат утре.