Како што соопштија организаторите, за делата на Коле Чашуле ќе говори проф.д-р Весна Мојсова – Чепишевска, а делови од творештвото ќе интерпретира актерката Јована Спасиќ.
Настанот ќе се одржи во спомен – собата на Миладиновци во библиотеката, со задолжително почитување на пропишаните мерки за одржување културни настани на затворено.
Коле Чашуле е припадник на легендарната прва генерација македонски писатели. Тој бил присутен на македонската книжевна сцена повеќе од шест децении. Автор е на 24 драми, 12 романи, четири книги раскази, шест кноги есеи и една монографија. Во 2003 година е избран за почесен член на МАНУ.
Роден на 21 март 1921 година во Прилеп, а починал на 22 септември 2008 година во Скопје.