Симптомите на синдромот, кои вклучуваа гадење, силни главоболки, болки во ушите, замор, несоница и летаргија, почнаа да се појавуваат во последните месеци, а некои жртви останаа неспособни за работа, велат дипломатите.

Серија симптоми првпат се појавија во 2016 година кај американските дипломати во Куба, и оттогаш тие беа забележани во Кина, Русија и, неодамна, во Австрија. Имаше непотврдени случаи во Полска, Тајван, Грузија, па дури и во Вашингтон.