Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало 1 833 повици на бројот за итни случаи 112, од кои 60,94% биле „реални“, а 39,06% биле за други потреби на граѓаните.
ЦУК потсетува дека со потоплото време змиите се почести во населбите. Вчера имаше пријава за змии во Општина Гази Баба, и лицето што пријави било информирано дека нема службени лица за фаќање змии, но има физички лица кои можат да помогнат.
Исто така, ЦУК – Битола, извести за пријава на змија на ул. „Мирче Ацев“ бр. 9 во Прилеп. Во 13:45 часот, тројца пожарникари од ТППЕ Прилеп безбедно ја уловија змијата и ја пуштија во природа.