Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, пратеник и претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и Ангел Карапетров, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија во општина Тетово положи свежо цвеќе на спомен-обележјето на загинатите пропадници на Армијата кај Карпалак.

 

21 година од погибието на 10 армиски припадници кај Карпалак. Нема да биде заборавена нивната жртва за нашата слобода. Македонија памети. Слава им!, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на годишнината од масакрот.

 

Со поклон, почит и тага пред спомен обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“ вчера почна одбележувањето на 21 година од трагичниот настан кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово. На 8 август 2001-та во заседа беше нападнат армиски конвој и загинаа 10 припадници на резервниот состав.