Денес и во недела од 11 до 14 часот градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги отвораат своите врати за граѓаните и нивните идеи и проекти, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Преку проектот „Отворен ден во твојата општина – Твоја идеја за промени“, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ им нудат можност на граѓаните да предложат идеи и проекти кои подоцна ќе бидат прецизно разгледани од стручни и професионални лица и ќе бидат вклучени во општинскиот буџет за 2023 година.
Они граѓани кои нема да бидат во можност да ги посетат општините, ќе имаат можност и онлајн преку веб страната budzet.mk да ги предложат своите предлог проекти.