Во раните утрински часови денеска на подрачјето на Скопје била спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Активностите ќе продолжат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и елаборатот подготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје.
Во изминатите месеци биле реализирани повеќе авионски и теренски третмани за сузбивање на ларвите и возрасните комарци. Авионска дезинсекција против ларви била спроведена на 7 мај, 11 јуни и 10 јули, а теренски третмани на 26 јуни и 23 јули. Против возрасните комарци, авионски третмани биле извршени на 1 и 2 јуни, како и на 27 и 28 јуни, додека дезинсекција од земја била спроведена на 18 и 20 јуни и на 13 и 15 јули.
Ѓорѓиевски најави дека и следната недела ќе биде спроведена дополнителна теренска дезинсекција, со цел да се намали бројот на комарците и да се заштити здравјето на граѓаните. Тој порача дека Градот ќе продолжи со навремено и системско спроведување на мерките за заштита на јавното здравје и подобрување на квалитетот на животот.
