– Неодамна се одбележаа 45 години од формирањето на Општина Гази Баба. Во моето обраќање на свечената академија порачав дека е време за нов почеток и повикав на заедничко обединување. Новиот почеток, обединувањето и подавањето рака е насочено кон секој советник во Советот на Општина Гази Баба. Ве повикувам да ги надминеме сите разлики кои постојат и заедно да ја менуваме Општина Гази Баба на подобро. Во оваа прилика сакам да најавам дека оваа година Општина Гази Баба ќе спроведе нов концепт на пишување на буџетот на општината. Новиот концепт значи граѓаните на Општина Гази Баба да го имаат последниот збор за тоа како и за што ќе се трошат нивните пари, бидејќи буџетот го полнат граѓаните, изјави градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски на конститутивната седница.