Одбивањето на предлогот на претседателот Мицкоски, а тоа е под итно да се свика Собрание и да се стават на гласање уставните измени повеќе од јасно кажува дека СДСМ нема мнозинство и токму од таа причина избегнува да го свика собранието и да ја стави точката на гласање, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на општина Маврово – Ростуше.

Таа истакна дека власта одбива затоа што немаат мнозинство, и се гледа тоа што не ја ставаат точката на гласање, но и по тоа дека се плашат од избори после кои ќе треба да си заминат од власт.

– Премиерот се плаши затоа што знае дека доколку го стави предлогот на гласање и не помине, следното што треба да го направи е да се распушти парламентот и да побара парламентарни избори, а повеќе од јасно му е дека народот ќе гласа против и ќе треба да си заминат. Од таа причина го одбија предлогот на претседателот Мицкоски, потенцираше Димитриеска Кочоска.