Ова е пораката што денеска ја испрати заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, кој заедно со шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир ја посетија канцеларијата на Еко Пошта корисник на проектот ЕУ за Отпорност.
Тој нагласи дека ЕУ нема да биде целосна доколку не ги интегрира и земјите од Западен Балкани и на тој начин не го комплетира проектот на обединети европски држави. На Денот на Европа, рече во обраќањето Димитров, повторно зборуваме за иднината, за мирот, за заедништвото, стабилноста и просперитетот на нашиот континент и треба да се вратиме кон основата, кон она што не обединува и заради кое сакаме заедно да ја градиме нашата заедничка иднина.
– Северна Македонија не само што сака да биде дел од ЕУ, туку често пати сме покажале дека знаеме да се однесуваме така, конкретно прекуи нашето дејствување како стабилен партнер на меѓуанародната сцена и според зборовите токму на ЕУ – светол пример во регинот за решавање на тешки прашања. Тоа е патот по кој чекориме одлучно и непоколебливо и нема да се откажеме без оглед на предизвиците затоа што македонсктие граѓани заслужуваат да бидат и формално дел од ова семејство, истакна Димитров.