Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, покрај Димитров на форумот ќе учествуваат државниот секретар за ЕУ на Шпанија, претставникот на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, како и високи претставници за европски и надворешни работи од регионот.

Тема на дискусијата ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан од аспект на заложбите на актуелното претседателство и изгледите за идно членство во Унијата.

Настанот е во организација на Кралскиот институт Елкано, Бледскиот стратешки форум, Амбасадата на Словенија во Шпанија и Фондацијата „Карлос де Амберес“ при што предвидена е и сесија на истакнати академски експерти од областа.