Околу 3.500 граѓани во Македонија умираат како последица од загадениот воздух, изјави професорот  Даме Димитровски, аналитичар и експерт во областа на животната средина на денешната трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“.

Тој додаде дека не е прв пат да се зборува за решавање на проблемот со загадениот воздух, иако претходно се зборувало за стратегии и планови за намалување на загадениот воздух ништо не се реализирало.

-И до сега се зборуваше и се промовираа планови и мерки, но гледано од експертска страна ќе кажам дека најголем дел од овие планови не се остварија, најголем дел од мерките не се реализирани, а дури и поголемиот дел од мерките, плановите, стратегиите кои што се прикажуваа во јавноста се целосно заборавени, смета тој.

Димитровски посочи дека во главниот град, скопјани и покрај тоа што постојано се жалат на загадениот воздух, ниту Инспекторатот на Градот Скопје, ниту пак инспекторатот за животна средина немаат слух да го решат овој проблем и да се спротивстават на загадувачите.