Реџепи е поразена од џудистката од Британија, Челси Џил која со ипон ја совлада македонската претставничка на Игрите во Токио. Реџепи е единствена македонска претставничка на вториот ден од игрите во Токио.

Вчера на првиот ден од ЛОИ во Токио, Борјан Бранковски го освои 21. место во квалификациите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушен пиштол притоа постанувајќи нов национален рекорд, додека пливачот Филип Деркоски иако го подобри своето најдобро време, беше последен во квалификациите на трката на 400 метри слободно.