Во последната проценка на Светска банка стои дека списокот на сиромашни се зголемил за уште 112 илјади албански граѓани, со што една третина од популацијата во оваа земја живее со помалку од 5,5 долари дневно.
– Според извештајот на СБ во сите земји од регионот забележан е раст на нивото на сиромаштија, но позначителен и поагресивен е во Албанија. Тоа како последица и на катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди на крајот од ноември 2019 година. Во периодот 2014-2019 забележан е пад на сиромаштијата за еден отсто, пренесува Топ чанел.
Најпогодени категории од кризата се оние кои работат во секторите кои оставаруваат помалку приходи, како и непријавените работници кои ги загубиле работните места поради пандемијата, но не успеале да добијат од владината помош, бидејќи не фигурирале во списокот на вработени.
Со оглед на влијанието на пандемијата, Светска банка предвидува бавно закрепнување на економијата во регионот и во Албанија, за каде се очекувања економски раст од 4,4 отсто.
Наспроти СБ, албанската влада предвидува раст од 5,5 додека Централна банка на Албанија 5,3 отсто.