Украинскиот државен оператор „Енергоатом“ соопшти дека Русија истрелала крстосувачки проектил „критично ниско“ над нуклеарната централа во јужна Украина.
– Русија продолжува да ја загрозува безбедноста на украинските нуклеарни електрани и ѝ се заканува на светот со нова нуклеарна катастрофа, се наведува во соопштението на „Енергоатом“.
Исто така се посочува дека руска крстосувачка ракета слична на ракетата Калибар е истрелана во насока на Киев каде утрово се слушнаа експлозии.
– Руските сили сè уште не сфаќаат дека дури и најмал фрагмент од проектил може да предизвика нуклеарна катастрофа и протекување на радијација, истакнува „Енергоатом.
Претходно, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм објави дека утрово во киевските квартови Дарницки и Днипровски се регистрирани повеќе експлозии, а едно лице е повредено.