Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска побара од турскиот Парламент да гласа за апликацијата на Финска за влез во НАТО.
„Одлучивме да го започнеме протоколот за пристапување на Финска во НАТО во нашиот Парламент“, нагласи Ердоган по разговорите со неговиот фински колега Саули Ниинисто.