Брисел започнува формален процес за пристапување во понеделник
Европската Унија ги започнува пристапните преговори со Украина и Молдавија, откако новата влада во Унгарија ја повлече претходната блокада за процесот.
Како што соопшти кипарското претседателство со Советот на ЕУ, преговорите официјално ќе започнат во понеделник, по договорот меѓу земјите членки за заедничка позиција околу првиот преговарачки сегмент.
По завршувањето на блокадата, членките на ЕУ ги завршиле неопходните подготовки за старт на процесот.
Прв чекор – реформи во правосудството и администрацијата
Во првиот преговарачки кластер, Украина и Молдавија ќе треба да покажат дека нивниот правосуден систем и јавна администрација се усогласени со стандардите на Европската Унија.
Процесот на преговори е поделен на шест тематски кластери, со вкупно 33 поглавја низ кои државите постепено мора да се усогласат со европското законодавство.
