Украина „не е блиску“ до стандардите потребни за кандидатски статус за членство во Европската унија, изјави висок дипломат на ЕУ, јави ДПА.
Дипломатот рече дека ЕУ сака да „покаже сочувство“ за украинскиот народ, но ги отфрли сите сугестии дека лидерите на ЕУ би можеле да се согласат да и дадат кандидатски статус на земјата на самитот во Версај.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика ЕУ да ја забрза кандидатурата на Киев за членство во период на руската инвазија на неговата земја.
„Докажете дека сте со нас“, рече Зеленски на специјалната седница на Европскиот парламент минатата недела.