Лајчак по средбата меѓу Вучиќ и Курти во Брисел рече:
-Последица на ова е што постигнавме многу малку
Тој додаде дека биле разгледани неколку различни предлози и дека единствениот резултат што може да се пријави е дека дијалогот ќе продолжи.
-Страните се согласија дека главните преговарачи ќе одржуваат месечни состаноци со посредство на Европската унија, дека ќе се разговара за тековните прашања и дека самитите ќе бидат подготвени навремено, рече Лајчак.
Според него, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се договориле да се состанат во септември.
– За нас, Европската унија, важно е да се нагласи дека европската иднина на Србија и Косово зависи од нормализацијата на нивните односи. Затоа, очекуваме двете земји да работат заедно, да го надминат наследството од минатото и да ги решат сите нерешени прашања, рече Лајчак.
На вчерашниот самит присуствуваше и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел.