Александар Андов, претседател на ОФС Кочани, денеска потпиша договор со кој Фудбалската федерација на Македонија им доделува 1.300 столчиња, со што значително се подобрува инфраструктурата и условите на Градскиот стадион „Никола Мантов“.
-Ова е уште еден конкретен чекор кон создавање подобри услови за фудбалот и спортот во Кочани, вели претседателот на ОФС Кочани.
Андов упати благодарност до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, за оваа значајна донација, како и за континуираната поддршка и соработка со Кочани.
