-Досега не сум разговарал за партиска функција во СДСМ – изјави Филипче за Фокус, кој, сепак, не одговори на нашето дополнително прашање дали има амбиции за партиска функција и дали би прифатил таков предизвик?
Неофицијално, Филипче најверојатно ќе влезе во новиот Извршен одбор на социјалдемократите и воедно ќе стане еден од тројцата потпретседатели на владејачката партија, а одредени информации дури говорат дека е во комбинација и за влијателната позиција заменик-претседател, која моментално ја извршува министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Меѓутоа, упатените велат дека далеку поверојатна е опцијата да стане потпретседател отколку заменик-претседател, освен ако, според нив, Шекеринска не одлучи сама да се повлече. Упативме прашање до Шекеринска дали очекува и претендира повторно да биде предложена, односно избрана за заменик-претседател, но не добивме одговор. – пишува Фокус.
Партискиот лидер и премиер Заев, пак, за медиумот кусо изјавил дека за овие кадровски прашања се одлучува на Конгресот во мај, на кој освен заменик-претседател, треба да биде избран и Централен одбор, по што следува избор на Извршниот одбор, генерален секретар и секретари за организација и меѓународна соработка, како и потпретседатели.
-Не можам однапред ништо да кажам – дециден бил Заев за Фокус, во исто време по вчерашните внатрепартиски избори тој најави реформа на кадровската понуда на СДСМ и отворање на вратите на Бихаќка за, како што рече, сите што се блиски до социјалдемократските идеи, без одлед дали се членови или не.