Филипче изјави:

– Протоколите за учебната година се речиси готови. Има уште некои технички детали, на кои работи работната група, во која членуваат претставници од МОН и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Планирано е да присуствуваат сите деца, 100 проценти од вкупниот број во класовите. Така се подготвуваат и протоколите. Мерките се: дезинфекција, често проветрување на училниците, немешање на различни класови. Протоколите ќе бидат целосно завршени за две недели

Тој соопшти дека со пристигнувањето на големата количина вакцини викендов, се планира имунизација и на сите наставници.

Министерот Филипче вели дека одлуката на Бирото за развој на образованието да не се делат сега свидетелства на учениците оти нема услови, не е донесена во координација со министерството.

– Свидетелствата можат да се делат во дворовите. Се што може да се организира надворешни услови, може да се направи, смета Филипче.