За пехарот во националниот куп ќе играат екипите на Силекс и Академија Пандев, откако прволигашот од Кратово во полуфиналето ја елиминираше Струга Трим, додека екипата од Струмица беше подобра од Македонија ЃП.
Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе одлука финалните куп натпревари во пионерска, кадетска и младинска конкуренција да се играат на 25 и 27 мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.