Тепачка меѓу опозицијата и владејачката партија

Денеска, при положувањето заклетва на министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за правда Акан Ѓурлек во Меџлисот, пратениците влегоа во физичка пресметка. Инцидентот се случи кога пратениците од Републиканската народна партија (ЦХП) ја зазедоа парламентарната говорница во знак на протест против именувањето на Ѓурлек.

Пратениците од Партијата на правдата и развојот (АКП) се обидоа да ги отстранат опозиционерите, што доведе до тепачка. По инцидентот, АКП ја опколи говорницата и новите министри успешно ја положија заклетвата.

Протест и критики кон новиот министер за правда

ЦХП ја критикуваше одлуката за именување на Ѓурлек, кој досега беше Главен обвинител на Истанбул. Лидерот на ЦХП, Озгур Озел, го нарече новиот министер „маша на Ердоган“ и оцени дека тој ја презема функцијата за да обезбеди имунитет од кривично гонење.

Претходно денеска се одржа официјална церемонија на предавање на должноста од претходните на актуелните министри. Мустафа Чифтчи ја презеде функцијата од Али Јерликаја, а Акан Ѓурлек го замени Јилмаз Тунч.