Дожд се очекува утре, а во текот на ноќта на планините и повисоките места и снег. За четврток, исто така, се најавуваат локални врежени во претпладневните часови

Сончево со мала до умерена локална облачност, најавува УХМР за денеска.

Се очекува да дува умерен, а на некои места долж Повардарието и повремено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од минус три до нула степени, а дневната од 10 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје, како и во цела држава, се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

За утре (15 март), пак, од УХМР најавуваат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни, а во текот на ноќта на планините и повисоките места се очекува снег.

Во четврток (16 март) исто така се најавува променливо облачно време со локални врнежи од дожд и снег во претпладневните часови. Исто така, се очекува да дува засилен ветер од северен правен кои на некои места ќе надмине брзина од над 70 километри на час.

Во петок, велат од УХМР, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во сабота се очекува претежно сончево време со слаб до умерен ветер.