По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, денес организиравме бесплатен панорамски разглед на градот – патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје, вели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Со панорамски автобус и стручно водство од туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје пред земјотресот, да ги слушнат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале препознатливиот лик и животот на градот, вели Ѓорѓиевски.

Скопје е град кој ја претвори трагедијата во сила, а спомените во темел врз кој ја гради својата иднина.

-Затоа наша обврска е да ја чуваме меморијата за минатото, да го негуваме културното и историското наследство и да ја пренесуваме приказната за Скопје на идните генерации, посочи скопскиот градоначалник.
