Караџиќ пристигна од Холандија оваа недела во Велика Британија, каде ќе го отслужи остатокот од доживотната казна затвор, објави „Дејли меил“.
Тој е префрлен во затворот на Островот Вајт, кој е познат под поранешното име Паркхурст.
„Дејли меил“ потсетува дека во овој затвор своите казни ги издржувале крајно опасни криминалци, како што се лондонските близнаци Креј (познат по убиства, вооружени грабежи, рекетирање …), потоа „борачот од Јоркшир“ Питер Сатклиф (сериски убиец) и Јан Брејди (познат по убиствата во мочуриштето, во кое беа убиени и силувани пет деца на возраст од 10 до 17 години).
На обвинението на Соња Караџиќ, ќерката на Радован Караџиќ, дека нејзиниот татко бил сместен во зграда полна со канцероген азбест, портпаролот на британското Министерство за правда рече дека „не е точно и дека затворите во Велика Британија ги исполнуваат стандардите за здравје и безбедност“.