Македонската фудбалска експедиција пристигна во Букурешт, каде в недела ќе го има историското деби на европските првенства. Летот од Скопје до романската престолнина беше мирен, и екипата по слетувањето, се упати во хотелот во кој ќе бидат сместени наредните денови.
Рисовите се подготвени и мотивирани за што подобро претставување, насмевките на нивните лица најавуваат позитивни резултати на мечевите.