Прилеп завиен во црно. Тројца доктори од битолската болница „Плодност“ утрово настрадаа во сообраќајката на регионалниот пат Прилеп – Битола одејќи кон своето работно место.
Од тамошната болница ги соопштија жалните вести и имињата на оние кои го загубија животот. Врвниот македонски радиолог, примариус д-р Александар Ристески, специјален гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска се жртвите од сообраќајката.
Болницата „Плодност“ изрази сочувство. Од болницата ги опишаа како посветени работници, а имаат голем придонес за македонската радиологија. Најавија дека ќе организираат комеморативен настан во нивна чест.
Екипите на полицијата и Основното јавно обвинителство вршат сè уште увид на самото место, а магистралниот пат Прилеп – Битола е во целосен прекин.