Според полицијата од Манчестер, фудбалерот и репрезентативец, бил уапсен претходната недела.
Станува збор за 31-годишен маж, уапсен на 16 јули 2021 година, под сомнение за сексуален престап кон деца.
Фудбалскиот клуб Евертон потврди дека уапсениот е нивен играч и се огласија официјално дека истиот е суспендиран од клубот поради полициска истрага.
Сепак, социјалните мрежи наводно ја решија мистеријата. Илјадници коментари и објави наведуваат дека станува за репрезентативецот на Исланд и везен играч на Евертон – Гилфи Сигурдсон.
Информацијата не е се уште официјално потврдена, но како дополнителен аргумент, покрај совпаѓањето на возраста на играчот е и тоа што неговата сопруга го избришала нејзиниот Инстаграм.
Хештегот #sigurdsson е исто така најпребаруван на Твитер, што дополнително потврдува дека станува збор за него.
Се очекува официјална потврда од фудбалерот и полицијата.