Овие атмосферски појави настануваат на сличен начин како големите торнада. Се спуштаат од долните делови на облакот до тлото, со речиси вертикална или искосена оска.

„Пијавица“ или „тромб“ торнадо најчесто се јавува на Јадранско Море, но понекогаш ги има и на копно, најчесто во рамниците во Славонија и во Војводина.

Карактеристично „тромб“ торнадо вообичаено трае околу 20 минути, пречникот е од 20 до 100 метри, а може да се движи со брзина и до 80 километри на час. Со оглед на големата разорна моќ, торнадото урива кровови, корне дрва, а се случува и да подигне автомобили.