Изминатиот период убави и радосни вести ни пристигнуваа од Зоолошката градина во Скопје. По повеќе од 20 години се родија мали лавчиња, потоа Зоолошката градина се збогати за уште една лама, па на крајот и лемурите нè израдуваа со нов подмладок.
Всушност, тука не е крајот на убавите вести.
Имено, од пред една недела новости има и кај камилите – се роди бебе камила. Од Зоолошката градина Скопје за порталот Курир биле ексклузивно испратени фотографии од малата камила за кои добиле дозвола да ги објават.
Камилата ќе биде уште една недела во изолација со нејзината мајка, а потоа посетителите ќе можат да ја видат.
А, веста беше споделена и на фејсбук страната на скопската зоолошка градина.
Уште една убава вест доаѓа од Скопје ЗОО💕
За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (Бактријан) кое се роди пред една недела ❤️
Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела. Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе 😍, пишуваат на фејсбук од ЗОО Скопје.